СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ЗА РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО
Членовите на Комисијата меѓусебно се информираа за постапката за издавање на просторот под закуп врз основа на измените на Законот за здравствена заштита од 2005 година.
Во Здравствениот дом во Скопје, беше речено, постапката е во завршна фаза, решенијата за просторот и решенијата за дејност веќе се потпишани од Министерството за здравство и во тек е нивното доставување.
Во поголемиот дел од градовите во државата процесот на приватизација е во тек, некаде е потполно завршен и се регистрирани приватните здравствени установи.
Гинеколозите, доктори во примарната здравствена заштита ги изнесоа своите проблеми, меѓу другото, недоволната опременост на гинеколошките ординации и ниската висина на капитациониот бод.
На крајот од седницата Комисијата донесе три заклучока:
1. Да се забрза постапката за издавање на решенијата за приватизација и што е можно побрзо да започне потпишувањето на договорите со ФЗО.
2. Концесионерите финансиски да се помогнат за да ги покријат режиските трошоци
-од ставката плати определена во Буџетот на ФЗО или
-едно авансно плаќање во фиксна сума од 50 до 80 илјади денари
3. Да се измени Одлуката за висината на капитациониот бод и измена и дополнувања на Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услови во примарната здравствена заштита, посебно на докторите по гинекологија.