СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН 7 АПРИЛ-ДЕНОТ НА ЗДРАВЈЕТО
Лекарската комора на Република Македонија со повеќе манифестации го одбележа 7 Април-Денот на здравјето. По тој повод се одржаа повеќе манифестации како во Скопје така и во повеќе градови во државата. Главната манифестација годинава се одржа на 3 април во клубот Хард Рог во Скопје. Беше тоа повеќечасовно дружење на докторите од целата наша држава.