Школа за странски јазици
ФЕНИКС ЕДУКАЦИЈА
20%; 5 рати за возрасни 8 рати за деца
Согласно одредбите од Статутот и Правилникот за избор и отповикување на членови во Општинските одбори, Собранието и претседател на Лекарската комора на Македонија, Собранието на Лекарската комора на Македонија на седницата одржана на 23.2.2017 година донесе Одлука за распишување избори за членови во Општинските одбори, Собранието и претседател на Лекарската комора на Македонија.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија испрати известување во врска со правото на боледување за негување на болен член на потесно семејство над три годишна возраст
За реализација на изборите, потребно е докторите кои не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа најдоцна до 10.3.2017 година.
Собранието на ЛКМ кое се одржа на 23.2.2017 година, на седницата го усвои и Извештајот за работата на Комората за изминатиов период, донесе Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија, текстот на Предлог Законот за докторска дејност, правилници на Комората кои што произлегуваат од јавните овластувања согласно Законот за здравствена заштита како и деловници за работа на Извршниот одбор.
Во Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за утврдување на привремена спреченост за работа поради болести, повреда или потреба за нега на болен член од потесното семејство и за времетраењето на привремената спреченост за работа, направени се измени во членот кој ја регулира спреченоста за работа за болести на респираторниот систем.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија испрати известување во врска со издавање на боледувањата за привремена спреченост од работа.
Лекарската комора на Македонија ги утврди термините за пријавување и полагање на стручниот испит за доктори на медицина за 2017 година.
Веб сајтот користи колачиња за оптимизирање на работата согласно нашата Политика за колачиња