Избори за органите и телата на Комората на 6 април 2017 година
Согласно одредбите од Статутот и Правилникот за избор и отповикување на членови во Општинските одбори, Собранието и претседател на Лекарската комора на Македонија, Собранието на Лекарската комора на Македонија на седницата одржана на 23.2.2017 година донесе Одлука за распишување избори за членови во Општинските одбори, Собранието и претседател на Лекарската комора на Македонија. Изборите за избор на членови во oпштинските одбори и Собранието на Лекарската комора на Македонија ќе се одржат на 6 април 2017 година.
Собранието на ЛКМ на седницата го усвои и Извештајот за работата на Комората за изминатиов период , донесе Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Лекарската комора на Македонија, текстот на Предлог Законот за докторска дејност, правилници на Комората кои што произлегуваат од јавните овластувања согласно Законот за здравствена заштита како и деловници за работа на Извршниот одбор, Надзорниот одбор и комисиите и работните групи на Комората.
Членовите на Собранието ја избраа Централната изборна комисија во состав: д -р Александар Стојкоски (претседател), д-р Нагип Руфати (секретар), д-р Љубица Костовска – Христова, д-р Ирина Бухова, д-р Катица Марангозова (членови).
Собранието го усвои и финансискиот извештај за работењето на Комората во 2015 година како и финансискиот план за 2016 година.