31.01.2017
31.01.2017
Неопходна проверка на податоците во Регистерот на доктори
Почитувани,
Заради неопходноста за континуирано ажурирање на базата на податоци, Лекарската комора на Македонија Ве моли да ги проверите податоците во Вашето досие во Регистерот на докторите. За да извршите увид во евиденцијата на податоците, користете ја електронската услуга, достапна преку веб - страницата на Комората за која постапката е следна:
- Притиснете на текстот „Најава за влез во досие“(во десниот горен агол на на насловна страница);
- Се најавувате со Вашето „Корисничко име“ и „Лозинка“
Вашето корисничко име е Вашиот регистарски број (број на лиценца), а Вашата лозинка е Вашиот матичен број; - Со притискање на копчето „Најави се“, се вклучувате во Вашето досие.
Доколку од било која причина, информациите во Вашето досие не се соодветни, Ве молиме, навремено пријавете и испратете меил со забелешки на адресата: lkm@lkm.org.mk.
Лекарска комора на Македонија