ИН МЕМОРИАМ Проф. д-р Глигор Џолев

Со тага ја примивме веста за смртта на проф. д-р Глигор Џолев, истакнат ортопед и професор, кој целиот свој живот го посвети на медицината, несебично помагајќи им на своите пациенти со стручност, човечност и искрена грижа.
Д-р Џолев е роден 20.07.1944 година во Струмица. Од 1972 до 2009 година работеше, а своевремено беше и директор на Клиника за ортопедија во Скопје, а беше и редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Покрај својата кариера, проф. д-р Џолев беше столбот на своето семејство, со својата мудрост, добрина и благородност остави неизбришлива трага во животите на најблиските, колегите и пациентите.
Неговото заминување е огромна загуба, но спомените за неговото дело и љубовта што ја ширеше ќе живеат вечно.
Лекарската комора изразува сочуство до семејството.