IN MEMОRAIM Проф. д-р Јован Јуруковски

На 92 годишна возраст почина проф. д-р Јован Јуруковски, еден од нашите најеминентни гинеколози кој како извонреден стручњак во својата област имаше силно влијание во медицината и образованието на младите доктори.
Проф. д-р Јуруковски беше редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, како и продекан и шеф на Катедрата за гинекологија и акушерство. Долги години беше и директор на Клиниката за гинекологија и акушерство, каде што неговите напори доведоа до воведување на современи медицински стандарди и критериуми. Со својата стручност и визија, тој ги постави темелите за развојот на оваа гранка на медицината во нашата земја. Проф. д-р Јуруковски беше автор на многу стручни статии, како на домашно така и на интернационално ниво, вклучувајќи и истражувања објавени во Оксфорд, Англија, каде што го помина дел од своето школување.
Проф. д-р Јуруковски ќе остане запаметен како извонреден лекар и професор и исклучителен човек кој несебично го посвети својот живот на медицината и на благосостојбата на другите.
Лекарската комора изразува сочувство до семејството и блиските.