IN MEMORIAM Спец. д-р Лилјана Пренџова
Со голема тага ја примивме веста за смртта на д-р Лилјана Пренџова специјалист интернист, гастроентерохепатолог, врвен и почитуван лекар со долгогодишен работен стаж во јавното и во приватното здравство.
Д-р Пренџова е родена на 2 април 1962 година во Велес. По гимназиското образование во родниот град таа се запишува на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ чиј дипломец е во генерацијата 1986/87 година.
Работниот век на д-р Пренџова започнува во Итна помош на тогашниот Здравствен дом во Велес, од каде продолжува да работи на Интерно одделение во велешката Општа болница, со определба за специјализација на интернистичката гранка гастрентерохепатологија. Д-р Пренџова специјализацијата ја завршува во декември 1997 година, со што станува првиот интернист со ваква специјалност во Велес.
Додека работи, лекарката, исто така се едуцира и посетува школи за усовршување на дијагностика и лекување на болести, но и го пренесува сопственото искуство на голем број колеги од оваа медицинска гранка.
Смртта на д-р Лилјана Пренџова е голема загуба како за семејството така и за пациентите и колегите.
Лекарската комора упатува сочувство до семејството и блиските.