IN MEMORIAM Спец. д-р Велимир Кузмановски
На 60-годишна возраст ненадејно почина доктор Велимир Кузмановски, специјалист по гинекологија, истакнат професионалец, кој посветено се грижеше за своите пациенти и беше исклучително почитуван од колегите.
Д-р Кузмановски завршил Медицински факултет во Скопје во 1990 година, по што професионалниот интерес го насочува кон гинекологијата и во 2000 година се стекнува со стручно звање специјалист по гинекологија и акушерство. Тој до 2012 година работи како доктор специјалист во Општа болница Куманово, каде дава голем придонес во развој на гинеколошкиот Оддел, по што преминува во примарна здравствена заштита и обезбедува здравствена заштита како матичен гинеколог.
Д-р Кузмановски заради професионалниот пристап, непосредниот однос и подготвеноста да помогне, уживаше голема доверба кај пациенти.
Лекарската комора изразува жалење за големата загуба на извонреден колега и упатува сочувство до семејството.