IN MEMORIAM Д-р Вишња Деспотовиќ Крзнариќ
Лекарската комора изразува длабоко жалење за прераната смрт на д-р Вишња Деспотовиќ Крзнариќ. Д-р Деспотовиќ Крзнариќ е родена во Скопје во 1985 година, а Медицински факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ завршува во 2010 година. Развојот на нејзината професионалена кариера продолжува како доктор на кофинансирана специјализација на Одделот за анестезија, интензивна нега и реанимација на КАРИЛ при ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ.
Потенцијалот кој го поседуваше д-р Деспотовиќ Крзнариќ и нејзиниот професионнален пристап и посветеност гарантираа дека ќе се изгради во висококвалитетен анестезиолог. Таа исто така беше активна и во комуникацијата со колегите и секогаш даваше поддршка во реализацијата на индивидуалните и колективни цели.
Загубата на д-р Деспотовиќ Крзнариќ е и загуба за здравствениот систем, колегите и пациентите.
Лекарската комора изразува сочувство до семејството и блиските.