IN MEMORIAM Д-р Ацо Трповски
На 67-годишна возраст неправедно почина д-р Ацо Трповски, доктор по општа медицина во Поликлиника „Железара“. Со знаење во областа на медицината се стекна на Медицинскиот факултет во Скопје во 1990 година. Тој постојано се надградуваше со посета на голем број на семинари, обуки и конгреси.
Како долгогодишен член на Црвен крст, доктор хуманист, тој имаше голем придонес во многу хуманитарни настани, меѓу кои и UNHCR и IRC. Неколку години работеше како управител и доктор со азиланти. Најголем дел од неговиот работен век го помина како доктор по општа медицина.
Д-р Ацо ќе остане запаметен како човек со ведар дух и големо срце, извонреден доктор, секогаш посветен на неговите пациенти, почитуван соработник и колега.
Сите изгубивме драг пријател, татко, дедо, сопруг и колега.
Лекарската комора изразува сочувство до семејството и блиските.