21.03.2024
21.03.2024
IN MEMORIAM Д-р Моника Лукровска
Лекарската комора изразува длабоко жалење за прераната смрт на д-р Моника Лукровска која почина на 40-годишна возраст.
Д-р Лукровска е родена во Скопје, каде во 2012 година завршила медицински факултет. Таа беше доктор на специјализација вработена во Геронтолошкиот завод „13 Ноември“ во Скопје. Д-р Лукровка остави зад себе и две деца.
Во својот професионален пат д-р Лукровска се изгради во исклучителен лекар, секогаш насочена кон освојување на нови предизвици, исклучително одговорна, со поддршка за своите колеги и неизмерна грижа за пациентите. Ќе остане запаметена и по својата ведрина и позитивен пристап.
Лекарската комора изразува сочувството до семејството и блиските.