IN MEMORIAM Проф. д-р Витомир Мицев
По краткотрајно боледување почина проф. д-р Витомир Мицев, еден од основоположниците на македонската психијатрија и психотерапија, поранешен претседател на Македонското лекарско друштво и на Македонската психијатриска асоцијација.
Проф. д-р Витомир Мицев е роден 1940 година во Белград. Во Cкoпje завршува Медицински факултет во 1965 година, а во Лондон во 1972 година се стекнува со звање специјалист по психијатрија. Потоа се вработува на Клиниката за невропсихијатрија, како единствен лекар во тоа време кој специјализирал во странство. Во 1984 година проф. д-р Мицев одбранил докторат на Медицинскиот Факултет во Скопје.
Д-р Мицев на Универзитет Кирил и Методиј – Скопје, беше професор на Медицинскиот, Стоматолошкиот и на Филозофскиот факултет, како и визитинг професор на универзитетот Сент Луис и на Њујоршкиот универзитет во САД.
Библиографијата на проф. д-р Мицев регистрира 110 стручни трудови, објавени во домашни и светски списанија. Тој исто така е автор и на книгите: „Стравот низ дневникот на еден психијатар", „Зошто" и коавтор на учебниците „Психијатрија 1 и 2’’.
Неврозите и психотерапијата се посебното поле на интерес од неговата потесна специјалност. Супспецијалист е по психотерапија и ја вовел когнитив-бихевиор психотерапијата во Македонија и е еден од познатите автори на лекување на фобичните заболувања. Беше активен член на Светската психијатриска асоцијација и на Европскиот комитет за едукација во психијатријата.
Лекарската комора изразува сочувство до семејството.