IN MEMORIAM Проф. д-р Георги Чадловски
На 09.07.2022 ненадејно згасна животот на невропсихијатар проф. д-р Георги Чадловски великанот во полето на психијатријата, прв генерален директор на Клинички центар – Скопје, основоположник на Клиника за психијатрија и автор на над 20 книги и учебни помагала.
Проф. Георги Чадловски е роден во Скопје 1943 година, по потекло од познатиот Галички регион, а своето основно и средно училиште како и Медицинскиот факултет ги завршува во Скопје.
Во 1990-тите учествува во формирањето на сегашниот Клиничкиот Центар-Мајка Тереза во Скопје и на сегашната Клиника за психијатрија, а од 2003 ја продолжува својата дејност во ПЗУ Дијагностички Центар – Скопје се до последниот ден од неговиот живот.
Проф. Чадловски за својата долгогодишна активна улога во психијатријата има добиено многубројни признанија, повелби, плакети и државни награди за својот научен придонес вклучувајќи ја и наградата „Гоце Делчев“, како највисоко општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија.
Лекарската комора изразува жалење за големата загуба на извонреден колега и научник и упатува сочувство до семејството.