IN MEMORIAM Проф. д-р Методи Чепреганов
По кратко боледување денеска на 86-годишна возраст почина проф. д-р Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија.
Проф. д-р Чепреганов беше специјалист невропсихијатар истакнат и признат по својата стручност во земјава и во странство.
Повеќе од 25 години учествуваше во наставата како професор одржувајќи предавања од областа на: Неврологијата и психијатрија со медицинска психологија на студентите на Медицинскиот факултет – Скопје. Беше активен и на полето на публицистиката со објавени над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата
Д-р Чепреганов беше дел од Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје и Невролошка асоцијација на Франција. Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.
Лекарската комора изразува жалење за големата загуба на извонреден колега и научник и изразува сочувство до семејството.