17.12.2021
17.12.2021
IN MEMORIAM Проф. д-р Перко Колевски
Денес, на 77 годишна возраст, по кратко боледување почина проф. д-р Перко Колевски, истакнат доктор, професор и креатор на здравствени политики во земјава.
Колевски беше прв министер за здравство, основоположник на имунологијата и трансплатацијата на бубрег, како и директор на Институтот за трансфузиона медицина при Клинички Центар – Скопје. За својот придонес во медицината и науката е добитник на државната награда „11 Октомври” и на Орден за заслуга за народ со сребрена ѕвезда.
Лекарската комора изразува жалење за големата загуба на извонреден колега и научник и изразува сочувство до семејството.