IN MEMORIAM Примариус доктор Петар Ачковски
Вчера на 68-годишна возраст почина примариус доктор Петар Ачковски. Тој целиот работен век го помина како анестезиолог на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а беше долгогодишен шеф на трауматологија.
Како експерт во својата област, д-р Ачковски дел од својата професионална кариера помина и во реномирани здравствени центри во светот. Ачковски беше доктор високо почитуван во својата професија, кој во својата кариера посветено ги лекување пациентите, но и несебично го споделуваше своето знаење во областа на медицината едуцирајќи млади лекари. Лекарска комора на РСМ изразува жалење за големата з агуба на драг пријател, извонреден колега и научник и изразува сочувство до семејството.