25.03.2021
25.03.2021
IN MEMORIAM Проф. д-р Предраг Кировски
Денес на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, поради компликации од Ковид-19 почина проф. д-р Предраг Кировски – невропсихијатар.
Проф. Кировски беше редовен професор и форензичар на Медицинскиот факултет во Скопје, предавач на Академијата за јавни обвинители и судии и долгогодишен директор на ЈЗУ Психијатриска болница - Скопје. Автор е на бројни трудови од областа на психијатријата и форензичката психијатрија.
Лекарската комора на РСМ изразува длабоко жалење за загубата на колега и истакнат медицински работник и изразува сочувство до семејството