25.09.2026
25.09.2026
IN MEMORIAM: Наташа Лопарска
Со голема тага и жалење ја примивме веста за прераното заминување на нашата почитувана колешка Наташа Лопарска, која 15 години беше дел од Стручната служба на Лекарската комора.
Како врвен, одговорен и посветен професионалец во својата работа, таа даде исклучително значаен придонес во остварувањето на целите и задачите на Комората и континуирано придонесуваше за нивно развојно унапредување.
Како дел од тимот на Комората, Наташа секогаш се истакнуваше со својата колегијалност и подготвеност за соработка. Нејзиното отсуство ќе остави голема празнина во нашиот колектив, а споменот за неа трајно ќе се негува.
Лекарската комора изразува најискрено и најдлабоко сочувство до нејзиното семејство, пријателите и блиските.
Вечна ѝ слава.






