IN MEMORIAM: Прим. д-р Драган Христов
Со голема тага ја примивме веста за заминувањето на прим. д-р Драган Христов, врвен специјалист по ортопедска хирургија. Заминувањето на прим. д-р Христов остава огромна празнина во македонското здравство, а медицинската заедница изгуби врвен стручњак, исклучителен колега и човек со благороден дух.
Прим. д-р Драган Христов е роден во Струмица во 1958 година. Својот професионален пат го трасира со завршувањето на Медицинскиот факултет во Скопје, по што целиот свој работен век го посветува на хуманата мисија – грижата за здравјето на граѓаните и унапредувањето на медицинската практика. Како долгогодишен лекар и докажан професионалец, тој со својата посветеност, етика и колегијалност остави неизбришлива трага кај своите пациенти и колеги.
Лекарската комора изразува сочувство до неговото семејство и блиските.





