17.02.2021
17.02.2021
Покана за онлајн дискусија: "Црнодробни манифестации на Ковид-19"
"Црнодробни манифестации на Ковид-19"е темата на следната онлајн дискусија која ќе се оддржи во петок, на 19.02.2021 год. со почеток во 12 часот, преку платформата Zoom. Во дискусијата активно ќе биде вклучена и д-р Бети Тодоровска од Клиниката за гастроентерохепатологија.
До сите матични доктори, како и до сите интернисти и гастроентерохепатолози испратена е покана по електронска пошта со линк и лозинка за пристап до средбата на Zoom.
Доколку не сте добиле покана може да испратите порака на lkm@lkm.org.mk, по што веднаш ќе ви го испратиме линкот и лозинката за пристап.
По завршување на настанот снимката ќе биде поставена на Порталот за лекари и ќе биде достапна за сите лекари без оглед на специјалноста