16.02.2021
16.02.2021
Почнува вакцинациjата на здравствените работници: Покажи со пример, вакцинирај се!
Утре со почеток во 10 часот во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби ќе започне вакцинирање на здравствените работиници кои работат во ковид центрите. Први ќе се вакцинираат здравственитe работници од Инфективната клиника, а првиот ден е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници.
Според информации од Министерството за здравство, пунктот во модуларната болница каде има 6 вакцинални позиции, ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.
Утврдениот план предвидува термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути. Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина ќе има и резервирана втора доза за ревакцинација.
Лекарската комора на РСМ апелира до сите здравствени работници да одговорат на повикот за вакцинирање бидејќи тоа е најефикасен и најбезбеден начин за заштита од вирусот SARS-CoV-2 и со тоа ќе да дадат позитивен пример и ќе ги охрабрат и другите граѓани да го сторат истото за да си го заштитат своето здравје.