Активности кои ги презема Фондот за време на изречената мерка за спречување на ширење и сузбивање на заразата од Covid – 19 во делот на работењето на здравствените установи
Во врска со потребата од преземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Covid – 19 ( Коронавирус), Управниот Одбор на Фондот, ги донесе следните мерки и препораки за здравствените установи кои имаат склучено договор со Фондот:
Остварување право на боледување и исплата на на надоместок на плата
- Продолжување на боледување по сите основи, избраниот лекар ќе може да врши врз основа на телефонско јавување на осигуреното лице. При тоа лекарот за да го издаде ИСР образецот, треба преку системот на “мој термин“ да го преземе последниот извештај, односно конзилијарно мислење или отпусно писмо, издадено од специјалист од соодветна здравствена установа.
ИСР образецот и извештајот од специјалист/конзилијарно мислење/отпусно писмо, избраниот лекар ги доставува електронски на посебен е-маил кај одговорно лице во подрачната служба на Фондот.
Прилог:Список на лица за контакт во подрачните служби на Фондот
- Одговорното лице од Фондот документите пристигнати електронски од избраниот лекар ги проследува на е-маил до Лекарската комисија на Фондот . Оценката за спреченост за работа издадена од Лекарската комисија на Фондот, овластеното лице од Фондот ја проследува на е-маил до избраниот лекар, за да може истиот по телефон да го извести осигуреникот за продолжување на боледувањето.
- Избраниот лекар преку порталот на Фондот може да поднесе барање за исплата на
надоместок на плата на товар на средствата на Фондот за осигурениците кои се уште немаат поднесено такво барање.
Критериуми за издавање на боледување (Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда)
- При издавање на привремена спреченост за работа за болести на респираторниот систем (Ј00-Ј99 како примарна дијагноза) нема да се применуваат Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда.
- Избраниот лекар при отворање на ново боледување по било кој основ, може да го издаде до 14 дена (наместо до 7 дена како де сега), без да се придржува на Критериумите за дијагностички постапки и оцена на привремена спреченост за работа поради болест и повреда.
Пружање на здравствени услуги во примарна здравствена заштита
- Избраните лекари во периодот на траење на мерката не треба да ги повикуваат осигурените лица на превентивни прегледи . За овој период ќе се смета дека целите се исполнети во целост.
- При отсуство на избраниот лекар поради болест или изолација, здравствените услуги ги пружа лекарот редовна замена. Во случај на болест или изолација на лекарот редовна замена, Фондот ќе овозможи без ограничување назначување на втор лекар-замена, а по потреба и друг лекар замена. При тоа избраниот лекар преку порталот или на е-маил го известува Фондот за настанатата промена. Обврска на лекарот е на видно место да истакне име презиме и контакт телефон на лекарот замена.
- Исплатата на капитацијата за боледување до 30 дена се врши од страна на Фондот.
Во случај кога спреченоста за работа трае повеќе од 30 дена, лекарот редовна замена може и по истекот на 30 дена да продолжи да пружа здравствени услуги на осигурените лица на лекарот кој е на подолготрајно боледување. При тоа исплатата на капитацијата на лекарот замена се врши во износ од 70% од капитација на лекарот кој е на боледување (со обврска за преземање на медицинската сестра, доколку истата е на работа).
- Доколку во периодот додека трае времената мерка, лекарскиот тим остане без медицинска сестра, а здравствената установа не може да го комплетира тимот, лекарот здравствените услуги ги пружа без сестра, при што Фондот продолжува да исплатува надоместок за капитација.
Издавање рецепти за лекови на товар на Фондот
- Избраниот лекар може да издаде рецепт за хронична терапија и во случај кога препораката од специјалистот/отпусно писмо е постара од една година
- Рецепти за хроничната терапија избраниот лекар да издава за 6 месеци
- Рецепти за акутна терапија избраниот лекар може да препишува за лекови во количина доволна до 14 дена, по мислење на лекарот
Здравствени услуги од специјалистичко–консултативна здравствена заштита и општа стоматологија
- Поради спречување на ширење на Корона вирусот здравствените установи од дејноста специјалистичко консултативна здравствена заштита и општа стоматологија треба да пружаат здравствени услуги само во итни случаи.
- Во периодот на важење на мерките, доколку здравствените установи од специјалистичко консултативна здравствена заштита не можат да ги пружат здравствени услуги на осигурените лица во рамките на утврдениот месечен надоместок, неискористените средства ќе може да ги доискористат по завршување на мерката, односно до крајот на годината.
Заверка на ортопедски помагала
- Издавањето и заверката на ортопедските помагала согласно подзаконските акти на Фондот ќе ја вршат избрани лекари, односно лекари – специјалисти. Тоа значи дека осигурените лице не треба да се упатуваат во подрачните служби на Фондот за да ги заверат потврдите.
Видео туторијал за заверка на ортопедки помагала - преземи линк
https://www.youtube.com/watch?v=282nud3iJrY
Упатство за заверка на ортопедски помагала – преземи линк
http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=03745AB41443004A8EAB9A0105914B95
- Ортопедските помагала за кои е потребен наод, оценка и мислење од лекарската комисија, потврдата за потреба од ортопедско помагало, осигуреното лице ќе да ја доставува на одобрување и заверка на дежурниот шалтер во Подрачната служба.
Заверената потврда, Фондот по службена должност ја достави по пошта на адреса на живеење на осигуреното лице.
Начин на работа на Фондот со здравствените установи
Прием на барање од здравствени установи кои се поврзани со било какви статусни промени согласно договорот или склучување на нов договор, може да се врши на еден од следните начини:
- документите скенирани да се доставуваат на мејл: luizaa@fzo.org.mk во Фондот,
- по пошта или
- во исклучителни случаи на шалтер определен за прием на документи
Изготвените договори, анекси на договори и известување ќе бидат доставени по пошта на адреса на здравствените установи .
Фондот активно ги следи препораките на СЗО и ги спроведува сите мерки на Владата со цел да го заштити здравјето на населението заради превенција од ширење на Covid – 19 (Коронавирус).