07.11.2024
07.11.2024
Работно време на Комората за прием и издавање на документи
Лекарската комора ги информира докторите кои се нејзини членови, како и другите соработници и други заинтересирани, дека од понеделник 11.11.2024 година, работното време за прием и издавање на различни документи, поврзани со лиценца за работа, упис во Регистарот, подигнување на членски картички, доставување сертификати за КМЕ, акредитација на настани за КМЕ, издавање потврди и слично, ќе се врши секој работен ден, само во периодот од 10 до 14 часот.
Комората замолува за почитување на оваа организација на работниот процес, бидејќи со тоа ќе се креираат услови во кои ќе може побрзо и поквалитетно да се одговори на доставените барања.