Македонската докторска репрезентација во тенис третопласирана на 36-тата Балканијада
Репрезентацијата на нашата држава со освоени 536 бодови беше третопласирана на 36-тата Балканијада за доктори во тенис што во периодот од 01 до 06.09.2024 година се одржа на терените кај Билјанини извори во Охрид. Првопласирана беше репрезантацијата на Турција со освоени 1088 бодови, а второ место го освоија докторите од Романија со 830 бодови. Зад нас на ранг-листата беа Бугарија со 320 бодови и Грција со 340 бодови.
За македонската репрезентација ова е најдобриот успех досега на овој настан што годинава се одржува во 36 пат. Имавме победници во повеќе категории и тоа 50+, д-р Александар Петличковски и 40+, д-р Ѓорги Стојковски и во микс д-р Љубомир Димитровски во мешани двојки. Второ место (финалисти) беа д-р Љубомир Димитровски 50+, 3-4 место (полуфиналисти) д-р Стефан Коцев опен, д-р Вело Марковски 60+, д-р Никола Пановски 65+, д-р Гоце Бабовски во микс, д-рки Милановска Е./Томовска Д. двојки, д-р Коцев/Стојковски двојки опен.
На турнирот учествуваа доктори од повеќе од 100 доктори од Грција, Бугарија, Турција, Романија и С. Македонија што ја прави оваа Балканијада една од најмасовните до сега.
Натпреварувачите беа поделени по возрасни групи: жените до 50 и над 50 години и двојки, а мажите во опен категорија, 40+, 50+, 55+, 60+, 65+, 70+ и двојки во 3 категории опен, 50+ и 65+. Сите овие категории се бодуваат за утврдување на севкупен победник. Посебна рекреативна категорија беше микс двојки каде играат доктор и член на фамилија над 13 години, машко и женско.
Гостите беа сместени во хотелот „Дрим“ во Струга и имаа обезбедено превоз до терените. Настанот беше и можност учесниците и нивните семејства да се запознаат убавините на Струга и Охрид и да уживаат во прекрасното Охридско Езеро.
Следната 37-ма Балканијадата ќе се одржи идната година во Романија.
Покровители на турнирот беа Лекарска комора на РСМ, градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков, Општина Охрид, како и неколку фармацевтски фирми.