Комисија за спортски активности
Одржани турнири во тенис, пинг понг, шах и стрелаштво
Комисијата за спортски активности информира дека на 18.5.2024 година и 17.6.2024 година се одржа турнирот во тенис "28 Medical Open" на терените „Акватен“ во Кочани.
Наградите по категории ги освоија следните доктори:
МАЖИ:
Опен категорија (доктори до 50 години):
Полуфиналисти: д-р Горјан Милановски и д-р Милош Милутиновиќ
Финалист: д-р Горги Стојковски
Победник: д-р Благој Темелков
Доктори над 50 години:
Полуфиналисти: д-р Љупчо Милановски и д-р Вело Марковски
Финалист: д-р Гоце Бабоски
Победник: д-р Антонио Дојчиновски
ДВОЈКИ
Финалисти: д-р Горјан Милановски/д-р Милош Милутиновиќ
Победници: д-р Ѓорѓи Стојковски /д-р Благој Темелков
ЖЕНИ
1.место: д-р Драгица Томовска
2.место: д-р Елена Николовска
3.место: д-р Јулија Крстева
Во мај се одржа турнир во пинг понг на кој докторите демонстрираа одлична игра, а квалитетот на турнирот со своето учество го збогатија колеги од Косово.
Првото место го освои д-р Александар Нолевски, второ место д-р Душко Домазетовски, а на трето место се пласираше д-р Петар Карески.
На 20.4.2024 година во Штип се одржа турнир во шах, кој беше со најмасовно учество досега. Во многу интересна и неизвесна борба победникот се одлучуваше во последното коло. Првото место го освои д-р Пеце Петрески, второпласиран беше д-р Мите Зафиров и на третото место беше д-р Вело Марковски.
На 07.4.2024 година во стреланата „Стрелец“ во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, се одржа турнир во спортската дисциплина стрелаштво. Златен медал освои спец. д-р Толе Битовски, физијатар од Здравствен Дом – Скопје. Со сребрен медал се закити спец. д-р Александар Каревски од ГОБ „8-ми Септември“, а бронзен медал освои спец. д-р Саво Трајановски од приватна ординација по физикална терапија.
Комисијата ги информира и членовите на Комората дека следен голем тениски настан е Балканијадата во Охрид, која ќе се одржи од 1.9. - 6.9.2024г. Докторите кои се заинтересирани за учество може да се пријават на lkm@lkm.org.mk или кај претседателот на Комисијата д-р Љупчо Милановски на тел. број. 070 210 530.