10.06.2024
10.06.2024
Делегација на Лекарска комора на одбележување на 30 години од постоењето на Лекарската комора на Албанија

Делегација на Лекарската комора на Република Северна Македонија учествуваше на свеченост организирана во Тирана по повод одбележување на 30 години од основањето на Лекарската комора на Албанија.

Заменик претседателот на Комората доц. д-р Беким Исмаили и членовите на Извршниот одбор на Комората, д-р Лилија Чолакова Дервишова, д-р Џабир Бајрами и претседателот на Собранието на Комората, д-р Висар Муча, беа дел од официјалната церемонија каде меѓу другите се обратија и министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Албана Кочиу, и д-р Фатмир Брахимај, претседател на Комората на Албанија.
На настанот присуствуваа и високи претставници на лекарските комори од регионот и се реализираа повеќе средби и состаноци за воспоставување на поблиска соработка меѓу стручните организации и здравствените професионалци во насока на креирање на решенија за постоечките предизвици.

Билатерални состаноци се одржаа со министерката Кочиу, со генералниот секретар на Светското медицинско здружение д-р Отмар Клојберг, како и со претседателот на Лекарската комора на Албанија, д-р Брахимај.