Од јунската испитна сесија измени во начин на полагање на стручниот испит
Лекарската комора ги известува сите доктори на медицина кои планираат да полагаат стручен испит дека од јуни ќе има промени во начинот на полагање на стручниот испит.
Писмениот дел од испитот ќе се полага на компјутер, преку посебен програм што ќе генерира тест со испитни прашања и понудени одговори. На интернет страницата на Лекарска комора веќе е достапна обновена база на испитни прашања, со што докторите добиваат подобра поддршка за подготовка за полагање на стручен испит. Испитните прашања во базата се поделени во шест области, а тестот ќе биде составен од 120 прашања од сите области. Кандидатите имаат рок од 150 минути за да ги одговорат прашањата, а тестот ќе се смета за положен доколку се точно одговорени 60% од прашањата. Со новиот начин на полагање резултатот од тестот ќе се генерира веднаш, откако ќе бидат одговорени прашања.
За практичниот дел од испитот, однапред се подготвени студии на случај што кандидатот ќе ги добие на самото полагање. Врз основ на симптоми и анамнеза на пациентот од студијата, кандидатите ќе треба да дадат насоки за медицински испитувања што треба да се направат, да постават диференцијална дијагноза, да дадат препорака за понатамошен третман, со што ќе можат практично да го демонстрираат своето знаење.
Усниот дел од испитот останува како и досега, со фокус на проверка на знаењата за етичките аспекти на професијата.
Со новиот начин на полагање, целиот процес ќе се забрза бидејќи тестовите од писмениот дел нема да треба да се прегледуваат од страна на комисијата, што е особено важно за испитните сесии во кои има голем број кандидати. За реализација на оваа активности се набавија поголем број компјутери, се изработи посебен компјутерски програм, а се адаптираше и соодветен простор.
Испитната база е достапна на следниот линк.