Известување за организаторите на КМЕ
Да се почитува рокот за акредитација на настаните со приложување на комплетната документација
Лекарска комора на Република Северна Македонија - Комисијата за стручно-медицински прашања, донесе заклучок да ги извести организаторите на континуирана медицинска едукација (КМЕ), дека при поднесување на барање и документи за акредитација на настаните од КМЕ задолжително треба да биде доставена целокупната документација во соодветен рок согласно Правилникот за облиците, критериумите и распоредување на бодовите за обновување на лиценцата за работа. Напоменуваме дека рокот за доставување на документите изнесува еден месец пред одржување на настанот. Некомплетните документи нема да бидат разгледани од страна на Комисијата, а доколку документите не се достават во наведениот рок настанот нема да биде акредитиран.
Истакнуваме и дека навременото акредитирање на настаните е неопходно за да може докторите однапред да ја планираат својата континуирана едукација согласно нивните стручни потреби и обврски.
Организаторот на стручното усовршување до Лекарска комора на Република Северна Македонија доставува Барање за одобрување и категоризација на облиците на стручно усовршување , комплетирани со:
➢ Писмена согласност на покровителот;
➢ Примерок на едукативниот материјал;
➢ Примерок на предвидената проверка на знаењето;
➢ Список на предавачи со нивно име, презиме, титула, контакт - адреса и своерачен потпис;
➢ Потпишана изјава/и од предавач/и за практикување на медицина базирана врз докази;
➢ Евалуациони листи авторизирани од едукационата единица на Македонско лекарско друштво (МЛД) или Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”;
➢ Примерок на потврди/сертификати за учество, односно присуство на соодветното стручно усовршување изготвени на посебен образец, потпишани од официјалниот претставник на организаторот и заверени со печат на организаторот;
➢ Доказ за извршена уплата за акредитација на стручната активност – уплатница.