05.02.2024
05.02.2024
Пријавување за стручен испит за февруарска испитна сесија
Од денес, 05.02.2024 година, почнува пријавувањето за полагање на стручен испит во февруарската испитна сесија. Пријавувањето ќе трае до 09.02.2024 година, а полагањето на испитот ќе биде од 26.02.2024 година до 01.03.2024 година.
Заинтересираните кандидати за полагање на стручниот испит до архивата на Лекарска комора треба да ги достават следните документи:
• Пријава за полагање стручен испит
• Диплома/Уверение за завршен медицински факултет - копија заверена на нотар;
• Приправничка книшка пополнета и заверена согласно Правилникот за планот и програмата за приправничкиот стаж - копија заверена на нотар;
• Уверение за државјанство - оригинал или копија заверена на нотар;
• Уплатен надоместок за полагање стручен испит.
Повеќе информации за целосниот процес на полагање на стручниот испит може да најдете на следниот линк.