25.12.2023
25.12.2023
Работна средба со докторите во Валандово
Претседателката на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова, потпретседателот за примарна здравствена заштита д-р Љубомир Стефановски и д-р Тодор Кичуков кој е член на Извршниот одбор на Комората, остварија работна средба со докторите во Валандово.
Проф. д-р Гривчева Старделова ги запозна докторите со активностите на Комората во изминатата година, со законските измени што неодамна беа донесени на иницијатива на Комората, а се поврзани со можностите за вршење на дополнителната дејност, како и со промените на законската регулатива кои донесоа надминување на поголемите предизвици со кои се соочуваат матичните лекари.

На состанокот лекарите се интересираа за процесот за релиценцирање, а дискусија се разви и околу недостигот на лекарски кадар во помалите населени места како што е Валандово, каде во моментов има само по еден интернист, гинеколог и матичен педијатар. Присутните ја потенцирана потребата за отворање на подобри перспективите за младите лекари, за тие да бидат мотивирани да останат да работат таму, за што е потребно да добијат и можност за специјализирање.
Проф. д-р Гривчева Старделова потенцираше дека сите лекари ја сочинуваат Комората, поради што и таа секогаш е отворена за да даде поддршка за надминување на проблемите со кои тие се соочуваат. Она што е во надлежноста на Комората, секогаш може полесно да се регулира, но кога е во прашање креирање на мерки и политики, Комората тоа го прави преку застапување на докторите пред надлежните институции кои ги носат одлуките.
Посетата на Валандово е дел од праксата на Комората да остварува повремени средби со своите членови низ државата. Минатиот месец ваква средба се реализираше во Куманово.