19.12.2023
19.12.2023
Јавна расправа за измени и дополнување на Статутот на Лекарска комора
Извршниот одбор на Лекарската комора на Република Северна Македонија на последната седница одржана на 12.12.2023 година, го утврди нацрт-текстот на статутарната Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Лекарската комора.
Почитувајќи ги принципите на транспарентност и инклузивност, нацрт-текстот на Статутот со измените и дополнувањата се објавува и доставува на јавна расправа, со цел членовите на Комората да може да дадат забелешки и предлози за кои ценат дека треба да бидат вградени во него.
По сумирање на забелешките по текстот, истите треба да се испратат на е-меил до стручната служба на Лекарската комора на РСМ (lkm@lkm.org.mk), најдоцна до 19.01.2024 година.