Од наредната година почнува нов начин за потврдување на присуството
Регистрација за присуство за настаните на КМЕ само со членските картички
Лекарската комора на Република Северна Македонија ги информира своите членови дека од наредната 2024 година присуството на сите настани (курс, работилница, стручен состанок, симпозиум, конгрес) од континуирана медицинска едукација (КМЕ) ќе биде исклучиво со членски карти. Оваа новина се воведува согласно препораките на Постојаниот комитет на европски доктори ( Standing Committee of European Doctors – CPME ), чиј член е Комората. Набaвени се читачи за картичките, како и посебен софтвер преку кој податоците директно ќе се инпортираат во компјутерскиот систем каде се води евиденцијата. На овој начин ќе може побрзо и поефикасно, без непотребни документи, да се регистрира присуство на докторите на настаните од континуираната медицинска едукација и стекнати поени. Докторите како и организатoрите нема да имаат потреба да доставуваат до Комората сертификати, односно списоци за присуство, освен за он-лајн настаните и меѓународни настани.
За да не се јави застој во процесот на регистрирање на присуството, неопходно е сите доктори кои веќе се фотографирале во најкус можен рок да ги подигнат своите членски картички. Иако Лекарската комора неколку пати преку дописи и соопштенија ги информираше и повикуваше јавните здравствени установи да испратат овластено лице за да ги подигне картичките, тоа делумно или во целост го немаат направено следните јавни здравствени установи:
1. ЈЗУ Универзитетеска клиника за лице, вилици и врат – Максилофацијална хирургија “Академик Илија Васков“- Скопје
2. ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод (дел од картичките се подигнати)
3. ЈЗУ Здравствен дом Струмица (дел од картичките се подигнати)
4. ЈЗУ Здравствен дом Кратово (една картичка е подигната)
5. ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка
6. ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија - Скопје
7. ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија - Скопје
Докторите кои сѐ уште не се фотографирале е потребно тоа да го направат тоа во студиото „Фото Тото“ кое се наоѓа на ул. Владимир Комаров 18 лок.12, Скопје (спроти Тобако 2 -мапа). Фотографирањето може да се направи секој работен ден од 12:00 до 18:00 часот. За повеќе информации во врска со фотографирањето може да се обратите на телефонскиот број 078/907-383. Членовите на Комората се ослободени од обврската за плаќање за изработка на членска карта, како и од обврската за плаќање на услугата за фотографирање.
За дополнителни информации и прашања во врска со членските карти можете да се обратите во стручната служба на ЛК на 02/3239- 060, локал 111.