CPME усвои препораки за подобрување на благосостојбата на лекарите
Постојаниот комитет на европски лекари ( Standing Committee of European Doctors – CPME ) каде што e член и Лекарска комора на Република Северна Македонија, објави политика со препораки за подобрување на благосостојбата на лекарите во Европа, чија имплементација ќе влијае и на подобрување на грижата за пациентите, како и на зголемувањето на професионалната ефикасност.
Во соопштението на CPME се нагласува дека лекарите се соочуваат со значителни предизвици во одржувањето на сопствената благосостојба додека се грижат за другите. Напорната природа на нивната работа, долгите работни часови и високите нивоа на стрес можат да влијаат врз нивното физичко и ментално здравје. Овие предизвици дополнително се надополнуваат со недостигот на работна сила, што создава бариери за постигнување рамнотежа помеѓу работата и животот што одговара на семејниот живот.
Препораките се дизајнирани да ја поддржи благосостојба на лекарите во сите фази од нивната кариера. Во нив се бара здравствените институции да имплементираат одредници за минимални капацитети на работна сила, се поттикнува организациска култура за поддршка, а се даваат и насоки образовните институции принцпите за благосостојба да ги вклучат во образовните програми.
„Бласостојбата на лекарите не е само лична работа, туку и критичен фактор што директно влијае на безбедноста на пациентите и квалитетот на здравствената заштита. Нашата политика е одраз на нашата посветеност да создадеме средина каде што лекарите ќе можат да напредуваат и лично и професионално“, истакна претседателот на CPME, Кристиан Кејзер.
Препораките може да се погледнат на следниот линк.