19.10.2023
19.10.2023
Комисија за спортски активности
Се организира велосипедска тура до Матка
.png)
Во организација на Комисијата за спортски активности на 28.10.2023 година (сабота) ќе се одржи велосипедска тура на која се поканети да учествуваат сите членови на Комората. Собирно место од каде ќе тргнат учесниците ќе биде СЦ „Борис Трајковски“ во 10 часот. Крајна цел на трката ќе биде локалитетот Кањон Матка, но ќе се возат по две патеки, една со должина од 40 километри, а друга 20 километри. Пред поаѓањето ќе се споделат детални информации околу трасите на движење.
Сите заинтересирани членови на Комората може да се пријават на моб.тел. 070/210-530 и 070/366-166.