Комисија за спортски активности организираше неколку настани
Во Кочани XXVII Medical Оpen, а во Кичево планинарење
Д-р Антонио Дојчиновски и д-р Благој Темелков постигнаа најдобри резултати на тенискиот турнир XXVII Medical Оpen кој се одржа на 10 и 11 јуни годинава во Кочани во организација на Комисијата за спортски активности на Лекарска комора. Со златен медал во конкуренција на двојки се закитија д-р Благој Темелков и д-р Ѓорѓи Стојковски.
Индивидуалните натпревари на тенискиот турнир беа во две категории. Во категоријата 50+ д-р Дојчиновски го надигра д-р Гоце Бабоски. Во полуфиналето играа и д-р Вело Марковски и д-р Љупчо Милановски. Во категорија 50 – финалист беше и д-р Ѓорѓи Стојковски, додека полуфиналисти д-р Милош Милутиновиќ и д-р Горјан Милановски. Во категоријата на двојки покрај победници финалисти беа и д-р Милош Милутиновиќ и д-р Горјан Милановски.
Комисијата за спортски активности изразува голема благодарност до д-р Симеон Могилевски од Кочани за логистичката поддршка во организацијата на турнирот.
На 18.06.2023 година се реализираше планинарската тура Кичево - Крушино - Кнежино, при што во одличните временски услови имаше можност за вистинско уживање во прекрасната природа. Членовите на Комората кои беа дел од планинарската тура организираа и посета на убавиот Кнежински манастир и Куќата на уметноста во Кнежино, каде имаше пауза и ручек.
Комисијата за спортски активности изразува голема благодарност до д-р Генц Селмани и д-р Џабир Бајрами за одлично организираниот настан како и за гостопримството на домаќините од Куќата на уметноста.