ЛК на средба со претставници од "Мој термин"
ЛК: Потребни се решенија за подобрување на функционалноста на Мој термин
Претседателката на Лекарската комора проф. д-р Калина Гривчева Старделова, членовите на Извршниот одбор и на другите тела на Комората остварија работен состанок со претставници на електронскиот систем „Мој термин“ на кој главен фокус беше ставен на предизвиците и проблемите со кои докторите секојдневно се соочуваат при упатување на пациентите на секундарно и на терциерно ниво на здравствениот систем.
Лекарите детално ги образложија проблемите, посочија конкретни примери и истакнаа дека различните нивоа на системот треба да комуницираат на начин на кој меѓусебно ќе се надополнуваат, со крајна цел пациентите да добијат што е можно поквалитетна здравствена услуга. Поради важноста на ова прашање доктоите истакнаа дека е потребно итно да се направат промени во „Мој термин“ кои ќе ја подобрат ефикасноста и фунционалноста на здравствениот систем. Претставниците на „Мој термин“ појаснија дека во фаза на подготовка се измени на системот и дека дел од решенијата наскоро ќе бидат ставени во функција.
Присутните утврдија заеднички заклучок да преку телата на Kомората се дефинираат пет приоритетни проблеми за решавање поврзани со електоронскиот систем и заедно со предлози за нивно надминување да ги достават до „Мој термин“ и до Министерството за здравство.