Средба на Лекарска комора и Адвокатска комора
Претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комората, Љубомир Михајловски, на која се разговараше за можносите за продлабочување на соработката согласно законските ингеренции на двете комори.
Проф. д-р Гривчева Старделова истакна дека двете комори можат партнерски да делуваат и да се надополнуваат во реализација на активностите поврзани со заштита на лекарите и на пациентите, со цел зголемување на ефикасноста во работењето.
Претседателот Михајловски истакна дека соработката е од витално значење за остварување на успешна размена на информации помеѓу двете комори, притоа запазувајќи ги законските обврски и должности на членовите на двете комори, правата на пациентите, заштитата на осетливи информации и деловна тајна.
На состанокот се разговараше и за стручниот надзор кој го прави Лекарската комора, како и за законската регулатива со која се регулираат правата во случај кога постои сомневање за направен пропуст во лекувањето. Во наредниот период двете комори ќе ја продолжат својата соработка со цел подобра размена на информации.