Одржани турнири во стрелаштво и во шах
Под покровителство на Лекарска комора на Р.С.Македонија се одржаа два од најавените спортски настани. Натпреварот по стрелаштво се одржа на 01.04.2023 година во стреланата „Стрелец“ во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“. Меѓу жените најдобра беше д-р Лидија Арсовска, на второ место се пласираше д-р Сандра Арсовска, а трето пласирана беше д-р Снежана Лазеска. Во машка конкуренција победник беше д-р Толе Битовски, второто место го освои д-р Србослав Радојичиќ, а третото место д-р Ѓорѓи Митев.
На шаховскиот турнир кој се одржа во Прилеп на 08.04.2023 година најдобар беше д-р Вело Марковски, второто место го освои д-р Дејан Јанков, а трето пласиран беше д-р Петар Карески. По овој натпревар се одржа и двомеч со шахистите од прилепскиот клуб во кој победија домаќините на кои им се заблагодаруваме за одличната логистичка и високо професионална поддршка во организација на турнирот.