14.02.2023
14.02.2023
Монографија „Кратка историја на Лекарската комора на Република Северна Македонија – 1929 – 1992 – 2022“
Монографијата „Кратка историја на Лекарската комора на Република Северна Македонија – 1929–1992–2022“, издадена од Лекарската Комора по повод одбележувањето на три децении од нејзиното возобновување, сега е достапна и во електронско издание, со цел историските факти и податоци за развој на коморското организирање на лекарите да станат подостапни за заинтересираните читатели.
Монографијата, чиј автор е Јосиф Џочков, во куси црти го прикажува еснафското здружување на докторите на овие простори чии почетоци датираат од 1929 година. Содржината на монографијата е поделена во три дела, историски приказ од основањето и работата на Лекарската комора во 1929 година, нејзиното функционирање и работа до распуштањето во 1946 година и од повторното основање во 1992 година, па се до денес. Преку информации за најважните настани, случувања и личности, поткрепено со историски документи и значајни фотографии, читајќи го ова дело се добива реален приказ на патот по кој се движело основањето, растот и развојот на Комората.
Монографијата е достапна на следниот линк.