Комисија за спортски активности
Докторите освоија девет пехари на тениската Балканијада
Македонската репрезентација на доктори учествуваше на 34-та Балканијадата во тенис која се одржа во Сончев брег, Р. Бугарија. Најдобар успех постигна репрезентацијата на Турција, но и македонската репрезентација, која беше бројна, постигна одличен резултат со освоени девет пехари во различни категории и тоа:
- Д-р Софија Милановска Јордановска освои 3 пехари - полуфиналист во поединечна категорија,двојки и мешани двојки
- Д-р Драгица Томовска - полуфиналист во двојки
- Д-р Стефан Коцев - полуфиналист во опен категорија
- Д-р Александар Петличковски-финалист во 50+ и полуфинале во двојки опен категорија
- Д-р Горјан Милановски - полуфиналист во двојки опен категорија
- Небојша Милутиновиќ - победник во мешани двојки
За време на тениската Балканијада која беше една од најмасовните досега се одржа и стручен Симпозиум. По неколку откажувања домаќин на идната Балканијада ќе биде Грција.