Комисија за спортски активности
Турнир во пинг-понг и натпревар во стрелаштво
Во организација на Комисијата за спорт на Лекарска комора во Македонска Каменица се одржа турнирот во пинг-понг, во кој учествуваа голем број на доктори од нашата земја, како и двајца колеги од Косово. Турнирот се одржа во Градската сала, каде беа обезбедени професионални услови за одржување на натпревар.
Во женска конкуренција прво место освои д-р Бети Мирчевска Жоговска, на второ место се пласираше д-р Верица Јорданова и трето место го освои д-р Натка Каранфилова.
Во машка конкуренција прворангиран беше д-р Александар Нолевски, второ рангиран д-р Петар Карески и трето место се пласираше д-р Рахман Шаља.
Претседателот на Комисијата за спортски активности, д-р Љупчо Милановски изразува голема благодарност до Благоја Стојковски и „Витабиотикс“ како и Општина Македонска Каменица кои помогнаа во одличната организација на турнирот.
Натпреварот во спортско стрелаштво се одржа во стреланата "Стрелец" во гимназијата "Раде Јовчевски - Корчагин".
Во машката екипа прво место освои д-р Толе Битовски, второ место д-р Србослав Радојичиќ и трето место д-р Ѓоко Митев. Кај жените најдобра беше д-р Лидија Арсовска која ја освои златната медаља, со сребро се закити д-р Сандра Арсовска и бронзата и припадна на д-р Татјана Битовска.
Како и секогаш, за учесниците на овие настани беа обезбедени дипломи, маици, освежување и пехари за победниците, но она по што ќе се паметат секако е одличното колегијално дружење.