29.05.2022
29.05.2022
Претседателот на ЛК на Меѓународен симпозиум на радиолози
Проф. д-р Гривчева Старделова: Големо е значење на размената на нови методи, техники и искуства
Претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова се обрати на меѓународниот симпозиум што денеска и утре се одржува во Скопје во организација на Македонската асоцијација на радиолози.
„Задоволство ми преставува во името на Лекарската комора и во мое лично име да Ве поздравам и да Ви посакам успешна и плодна работа на Симпозиумот „Interdisciplinary Liver tumors ”. Ова е уште една можност на заедничка тема еминетни стручњаци да ги изложат своите достигнувања, искуства и сознанија во областа на радиологијата. За жал, во изминатиот период поради пандемијата од Ковид 19, моравме да допреме до нови искуства кои пред се беа поврзани со болеста. Медицината забрзано оди напред, животот не тера да ги пратиме светските трендови, посебно во областите како радиологијата - една од основните медицински дијагностички алатки што е непосредно инволвирана во сите сегменти на лекување на пациентите. Оттука, ваквите собири на кои стручњаците од земјава и од странство ќе презентираат голем број на новини од својата област, се од исклучително големо значење за размена на нови методи, техники и искуства. Посебно би ги истакнала богатите стручни содржини на овој Симпозиум кои, верувам, ќе придонесе да ги збогатите и надградите своите знаења“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова, која и активно се вклучи како модератор во една од сесиите на симпозиумот на тема „Colorectal liver metastases“.