Во Штип турнир во мал фудбал, а во Кочани во тенис
Комисијата за спортски активности при Лекарска комора организира неколку спортски настани кои ќе се одржат во месеците мај и во јуни.
На 21.05.2022 година е предвиден турнир во мал фудбал кој ќе се одржи во Штип со учество на четири екипи. Досега се пријавени три екипи, а сите заинтересирани кои сакаат да се придружат на турнирот може да се пријават кај д-р Мирослав Спасовски на тел.број 075 490 091.
На 28.05.2022 година ќе се одржи турнир во стрелаштво во стреланата „Стрелец“ во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ со почеток во 10 часот. Повеќе информации за настанот како и пријавување за учество кај д-р Толе Битолски на тел.број 070 636 376.
Спортските активности за месец мај завршуваат со турнир во пинг-понг кој ќе се одржи на 29.05.2022 година во Македонска Каменица. Сите заинтересирани за учество може да се пријават кај д-р Душко Домазетовски на тел. број 071 354 142.
На 04-05 јуни 2022 година ќе се одржи традиционалниот турнир во тенис во Кочани. Пријавување за настанот кај д-р Никола Пановски тел. број 070 266 795.
За во јуни се планира и турнир во кошарка, за што дополнително ќе бидат објавени попрецизни информации.
Комисијата за спортски активности упатува покана до сите членови на Лекарската комора да се вклучат во спортските активности, секој согласно своите интереси. За повеќе информации околу организацијата на турнирите како и пријавување за учество може да се направи и кај претседателот на оваа комисија, д-р Љупчо Милановски на тел. број 070 210 530.