27.11.2021
27.11.2021
Соработка на ЛК со европските здруженија на лекари
Проф. д-р Гривчева Старделова на годишното Собрание на Постојаниот комитет на европски лекари
Претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова учествуваше на годишното Собрание на Постојаниот комитет на европски лекари (CPME - The Standing Committee of European Doctors) кое во хибридна форма се одржа во Осло, Норвешка.
Високи претставници на најзначајните европски лекарски здруженија ги презентираа националните извештаи за актуелните состојби, а во повеќе сесии се дискутираше на теми значајни за унапредување на здравствените системи. Фокусот на темите кои беа на агенда беше ставен на употребата на податоците за креирањето на политики, е-здравство, професионалната практика и правата на пациентите, јавното здравје и превенцијата на болести.
Лекарската комора на РСМ е член на Постојаниот комитет на европски лекари од 21.11.2020 година кога на одржаното Собрание беше едногласно прифатена апликацијата за членство.
Постојаниот комитет на европски лекари (CPME) е организација која ги застапува своите членови пред институциите на ЕУ, обезбедува експертиза на највисоко ниво и во тесна соработка со Европската комисија учествува во креирањето на европските политики за прашања поврзани со здравството и здравствената заштита.