11.10.2021
11.10.2021
Проф. д-р Гривчева Старделова панелист на „Дигитален Самит на Западен Балкан 2021“
Претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, денес беше панелист на четвртиот „Дигитален Самит на Западен Балкан 2021“, кој преку хибридна платформа се организира во Подгорица, Црна Гора од 11-13 октомври 2021 година.
Проф. д-р Гривчева Старделова презентираше свое видување на темата “Забрзување на усвојувањето на телемедицината во ПЗЗ за време и надвор од КОВИД-19", настан кој во рамките на Самитот се организираше во соработка со Светската здравствена организација. Оваа сесија беше посветена на разгледување на можностите на телемедицината за подобрување на квалитетот на здравствената заштита на примарно ниво во земјите од Западен Балкан, за бенефитите од интеграцијата во здравствениот систем, како и за тоа што е потребно за да се обезбеди континуирана и одржлива употреба на телемедицината во примарната здравствена заштита надвор од пандемијата.
„Дигитален Самит на Западен Балкан 2021“ е многу значаен настан кој ги собра на едно место претставниците на високо ниво на владите од земјите од Западен Балкан, Европската Комисија, Советот за регионална соработка, бизнис заедницата и другите релевантни засегнати страни.