23.10.2020
23.10.2020
Претседателката на ЛКРСМ заедно со членовите на ИО на ЛКРСМ, во Собранието на РСМ имаа средба со претседателот на собраниската Комисија за здравство
Претседателката на ЛКРСМ д-р Калина Гривчева - Старделова заедно со членовите на ИО на ЛКРСМ, денес во Собранието на РСМ имаа средба со д-р Арбен Зибери, претседател на собраниската Комисија за здравство, и д-р Соња Михаиловска, пратеник и член на Комисијата за здравство.
Во фокус на средбата беше дискусијата за неопходноста од Законот за докторска дејност и повеќе други отворени приоритетни прашања од здравствениот сектор, меѓу кои: правото на дополнителна работа без ограничување, проблемот со заминување на докторите од јавно во приватно здравство, потребата од усогласување на Законот за здравствена заштита со Кривичниот закон во однос на санкционирање на лицата кои ги напаѓаат здравствените работници на нивното работно место и потребата за промена на законската регулатива во однос на прикрепување на пациентите во ПЗУ.
Во дискусиите можеа да се слушнат различни мислења и ставови за определени теми, но сите присутни сметаа дека само со заедничка интензивна соработка помеѓу Лекарската комора и Комисијата за здравство ќе може да се започне со ургентно решавање на најголем дел од проблемите.