Лекарската комора одбележува 28 години од основањето
Лекарската комора на Република Северна Македонија денес, 5 јуни, одбележува 28 година од основањето. Наместо традиционалниот свечен собир, Комората одлучи годинава да донира заштитна медицинска опрема за здравствените работници на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби и на Градската болница "8 Септември"-Скопје. Со донацијата се обезбедени маски КN95 и мантили за еднократна употреба.
За овие активности беа пренаменети средствата кои се планирани за наградата “Св. Наум Охридски” и организацијата за одбележување на Денот на Коморaта. Донацијата беше иницирана и одобрена од Извршниот одбор на Лекарската комора, а веќе им е предадена на овие хоспитални институции.
Лекарската комора, како самосотојна, професионална асоцијација на докторите на медицина е основана на 5 јуни 1992 година поради заштита на интересите и правата на докторите на медицина. Тогашниот министер за здравство, проф. д-р Јован Тофоски, заедно со група доктори ентузијасти ги релизира заложбите за законските измени со кои, по теркот на развиените земји и кај нас, се институционализира коморското работење на докторите, а за прв претседател на Комората беше избран проф. д-р Алексеј Дума.