Лекарската комора ќе биде домаќин на регионалниот Форум: Закон за заштита на правата пациентите - што се случи?
Лекарската комора наредната година ќе биде домаќин на Форумот на коморите од регионот на тема: Закони за заштита на правата пациентите – што се случи? Ова е договорено на Вториот годишен форум на Лекарската комора на Србија кој се одржа на 22 и 23 февруари годинава во Белград, Р. Србија. На Собирот партиципираа повеќе комори и професионални асоцијации од регионот, а состојбите во нашата земја ги презентира пртседателката на Лекарската комора, доц. д-р Калина Гривчева – Старделова. На девниот ред на Форумот беа иселувањето на докторите, проблем со кој се соочуваат земјите во регионот, како и фармаковигилнцата, односно несаканите дејства на лекови - правна рамака, системот на регулација и активности.
Во својата презентација д-р Гривчева – Старделова ги прикажа сосотојбите со ислеувањето на докторите, проблемите кои се јавуваат како последица на ваквата тенденција во здравствениот систем, како и мерките што се преземаат за докторите да се задржат во земјава (измени во законската регулатива и во подзаконските акти, воведување на “плата ” во текот на специјализациите, зголемување на платите и надоместоицте за дежурства за докторите во јавниот сектор.
Во рамките на нејзиното излагање беа изнесени и податоците со кои располага Националниот центар за несакни ефекти од лековите, бројот на пријави, како и начинот на организирање и следење, проценка на несаканите реакции на лековите, обработка и проценка на добиените податоци за безбедноста на лековите кое со формирањето во рамките на своите надлежности пред неколку години го презеде Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).