26.06.2018
26.06.2018
Заеднички во решавање на проблемите на докторите - средба со пратениците - доктори
На состанокот присуствуваа д-р Мирсада Емини - Асани, претседател на Комисијата за здравство и членовите д-р Бети Рабаџиевска - Наумовска, д-р Маја Морачанин, д-р Катерина Кузмановска, д-р Мери Лазова и д-р Јагода Шахпаска. На оваа средба присуствуваа д-р Калина Гривчева - Старделова, претседател на Лекарската комора, д-р Илбер Бесими, заменик на претседателот, потпретседателите д-р Игор Дабески, д-р Никола Граматниковски и д-р Илир Шурлани,претседателот на Собранието на Комората, д-р Џабир Бајрами и членовите на ИО.
На средбата се дискутираше и за вреднувањето на докторската работа, правото на дополнителна работа, мрежата на здравствениот систем, недостигот на кадар и потреба од нови вработувања, специјализациите и нивно планирање, потреба од усогласување на начинот на исплатата на платите, дежурствата и ноќниот труд во јавните здравствени установи... Се изнесоа предлози, мислења и ставови како младите доктори да се задржат во државата и да не заминуваат во странство, како и да се решат клучните системски прашања со кои се соочуваат докторите во секојдневната практика. Во дискусиите можеа да се слушнат различни мислења и ставови за определени теми, но сите присутни сметаат дека со ваквиот начин на заедничка работа, ќе се започне со решаваат дел од проблемите во здравството.